Детска Градинка „Гоце Делчев“ - општина Илинден

Дозволете да Ви го олесниме Вашето функционирање

Програма за работа

ВОСПИТНО - ОБРАЗОВНА ПРОГРАМА

ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТАТА

РАЗНОВИДНА ИСХРАНА

ФАКУЛТАТИВНИ АКТИВНОСТИ

СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИ

За нас

Нашата мисија и визија

Мисија

Децата од општина Илинден да ги воспитаме и згрижиме, до љубов и среќа да ги доближиме.


Визија

Да ги згрижиме сите дечиња на возраст од 12 месеци до поаѓање на училиште.

Да се создадат уште подобри услови за работа, поттикнување и развивање на свеста и одговорноста кај вработените за сопствен придонес за успешно работење на градинката. Создавање на безбедна и стимулативна средина во која ќе се актуелизира детскиот креативен дух, поттикнувајќи и создавајќи позитивна слика, децата да прераснат во успешна и реализирана личност.

Континуирано да се подобрува работната клима, комуникацијата на вработените и партнерскиот однос со вработените.

Историјат

Детската градинка „Гоце Делчев“ започна со работа во 2009 година и згрижи 80 деца во 4 воспитни групи. Во 2012 година градинката се прошири и згрижуваше 230 деца во 9 воспитни групи. Во 2016 година градинката повторно го зголеми својот капацитет и оттогаш згрижува 370 деца во 16 воспитни групи. Во 2020 градинката овозможи згрижување на дечиња од јаслена возраст и се отворија 2 јаслени групи. До овој момент градинката располага со 13 воспитни и 3 јаслени групи и зжрижува вкупно  400 деца.

Објект „Прв чекор“ Во Декември 2020 година започна со работа објектот „Прв чекор“ во н.м. Миладиновци, клон при Централниот објект. Градинката располага со 4 групи, односно 3 воспитни и една јаслена група, оваа градинка ја посетуваат вкупно 95 деца. Вкупната нето површина на градинката изнесува 443,36 метри квадратни. Градинката располага со 4 занимални, дистибутивна кујна, 2 тераси, котлара.

Информација

Врз основа на член 45 став 2 и 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси Директорот на ЈОУДГ „Гоце Делчев“, м-р Катерина Бојковска Јовчевска информира дека во своја сопственост нема правни лица, акции или удели во управувачка функција.

Нашите придобивки


 Нашиот персонал е нашето најголемо богатство

Во нашата градинка ние му го посветуваме на вашето дете сето посебно внимание кое му е потребно во текот на денот. Нашиот персонал на децата им посветува љубов и неподелено внимание. Тие се нашето најголемо богатство!


 Внатрешноста и опремата за игра растат со вашето дете

Секоја од групите има јасно означени агли и опрема за играње насекаде. Како и опремата за играње, ние гарантираме дека таа расте со вашето дете.


 Здрава исхрана

Како и вие, ние мислиме дека здравата и разновидна исхрана е многу важна. Го охрабруваме вашето дете да се навикне на различни вкусови, што е од витално значење за развивање на здрави модели на исхрана.

Контакт информации

Јавна Општинска Установа за деца

Детска Градинка „Гоце Делчев“


Адреса: Ул.534 бр.25 н.м. Марино

Oпштина Илинден 1041 Скопје


Работно време:

понеделник - петок  06:00 - 18:00

Работно време со деца: 06:00 - 18:00


Контакт телефон: 02/2 571-345, моб. 078/200-372

Email: gradinka_gd@hotmail.com


Што велат клиентите за нас

Разновидни активности за учење низ игра 

Киро

Свежо приготвена и вкусна храна

Катерина

Насочени кон континуирано унапредување на условите за престој на дечињата

Снежана

Одлично уредена, посветен кадар 

Гордана